
Сообраќајната полиција за една недела на подрчјето на Скопје санкционирала вкупно 1.133 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Изречени се и 39 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 56 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 33 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 480 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање на првенство на минување на пешаци изречени се 17 прекршоци, за непрописно престројување изречени се седум прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 35 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се седум прекршоци, а кај шест возила е утврдена техничка неисправност, додека пак со пајак возило подигнати се вкупно 344 возила.
Од СВР Скопје најавуваат дека ќе продолжат со зајакнати сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.