За една недела седум случаи на свински грип

Поголем број од нив се повозрасни, а се хоспитализирани се на различни клиники во Комплексот „Мајка Тереза“ поради посериозно заболување, а присуството на овој тип на грип може да доведе до компликации и да ја влоши нивната здравствена состојба.

За една недела има седум потврдени случаи на вирусот А Х1Н1, помеѓу народот познат како свински грип, објави ТВ Алфа.

Поголем број од нив се повозрасни, а се хоспитализирани се на различни клиники во Комплексот „Мајка Тереза“ поради посериозно заболување, а присуството на овој тип на грип може да доведе до компликации и да ја влоши нивната здравствена состојба.

На Инфективната клиника се прават анализи за уште еден пациент, кој има симтоми на ова заболување. Од таму за Алфа велат дека резултатите од лабораториските испитувања ќе ги добиеле утре.

Епидемиолозите очекуваат бројот на заболени да расте, а бидејќи вирусот А Х1Н1 неколку години не беше присутен, популацијата е поосетлива на овој тип на грип.

Во 2009 година, поради компликации од вирусот Х1Н1 имаше повеќе од 30 смртни случаи.