Минатата седмица во Македонија имало вкупно 11.916 новозаразени со коронавирусот, а секој трет тестиран бил позитивен, велат податоците на здравствените власти. Земјата е далеку од колективен имунитет. Целосно вакцинирано е само половина, односно 50,6 од возрасното население, а 40,7 од вкупното население. Во последните седум дена забележани се 168 смртни случаи во 26 градови низ земјата, што е за третина, или 38,3 отсто повеќе од претходната седмица.
Бројката од вкупно 11.916 нови позитивни за периодот од 24 до 30 јануари е зголемување од 2,7 отсто во однос на претходната седмица. Тестирани се вкупно 38.518 материјали, за 2,0 отсто помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од д 22,5 до 35,8 отсто, што значи во просек 30,3 отсто (или третина), покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=6.033; 50,6 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.420,7 на 100.000 граѓани.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи над 60 години (22,1 отсто) и од 30 до 39 години (исто така 22,1 отсто). Најмал број има кај децата до девет години.
Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, а најмногу кај лицата од 10 до години (11,0 отсто). Раст има кај возрасните групи од 50-59 со 3,3 отсто и над 60 години со 25,3 отсто.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 6.359 (53,4 отсто) лица од женски и 5.557 (46,6 отсто) од машки пол.
Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 13.041 лице кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.558 реинфекции, речиси идентично како и претходната недела.
Пријавени се 148 смртни случаи во 26 градови, за 38,3 отсто повеќе во споредба со претходните седум дена. Најголем дел се од Скопје (48). Во однос на возраста, 89,2 отсто од починатите се над 60 години.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 671 лице (22,0 отсто повеќе од претходна недела), а од нив 390 се на кислородна поддршка и 31 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Заклучно со 30 јануари, пријавени се вкупно 268.901 случај на ковид-19. Регистрирани се 8.409 смртни случаи. Активни во моментов се 13.628 лица, а 246.864 се водат како оздравени.
Вкупно 866.227 лица се вакцинирани со барем една доза вакцина. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 842.917, а трета доза примиле 128.268 лица.
Опфатот со две дози на вакцина против ковид-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,6 отсто, односно 46,7 отсто над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупната популација е 40,7 отсто.