Во изминатото деноноќие се регистирани 58 новозаразени пациенти со коронавирус во Македонија, објави „Фактор“.
Според неофицијалните извори, најголем број заразени има во скопските општини Сарај, Чаир и Бутел.
Во тек е состанок на Комисијата за заразни болести.
Ова е најголем број новозаразени со ковид-19 досега откако почна епидемијата кај нас. Првиот случај беше регистиран на 26 февруари. Вчера Министерството за здравство информираше за тројца починати и 38 новозаразени со ковид-19. И во екот на заразата со ковид-19 никогаш досега немало 58 новозаразени во еден ден.
Од среда, 27 мај Владата го укина полицискиот час кој беше на сила повеќе од два месеци, а од вчера работат кафеаните и рестораните по посебни протоколи.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, бројката на оздравени пациенти е 1.486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Овие бројки се однесуваат на вчерашниот ден.