Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во вторникот остро ја критикуваше изјавата на советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Болтон, со којашто порача дека американското повлекување од Сирија не смее да биде проследено со турски напад врз тамошните Курди кои се сојузници на САД на ова боиште.
Изјавите кои Џон Болтон ги даде во неделата во текот на неговиот престој во Израел а пред неговата посета на Турција „нам ни се неприфатливи и не можеме да ги поднесеме“, изјави Реџеп Тајип Ердоган во говорот во Анкара. „Џон Болтон тешко згреши“, додаде турскиот претседател.
Изјавата на Ердоган доаѓа по разговорот на советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп со високи турски функционери во вторникот во Анкара кои се оценет како „продуктивни“.
Болтон во текот на престојот во Израел во неделата рече дека повлекувањето на САД кое Трамп го најави минатиот месец, ќе биде условено со давање за безбедноста на сириските Курди. САД ја поддржуваат курдската милиција, додеак Анкара силите на сириските Курди, Единици за заштита на народот (YPG) ги смета за крило на забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК), и со недели се заканува со офанзива на нивните позиции источно од реката Еуфрат.
„Иако тие се терористи, некои велат: Не ги гибајте, тие се Курди (…) Моќе исто така да биде Турци, Туркмени или Арапи. Од каде и да се, ние ќе го сториме тоа што мораме, бидејќи се терористи. Наскоро почнуваме да дејствуваме за да ги неутрализираме терористичките групи во Сирија“, предупреди Ердоган.