Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оцени во средата дека повикот на Европскиот суд за човекови права за ослободување на курдскиот политичар Салахатин Демирташ е лицемерн чин и порача дека само турските судови може за тоа да одлучат.
Големиот совет на Европскиот суд за човекови права пресуди во вторникот дека Турција мора веднаш да го ослободи Демирташ, поранешен лидер на Народната демократска партија (HPD), кој е во затвор повеќе од четири години поради кривични дека поврзани со тероризам.
Судот чиешто седиште е во Стразбур смета дека оправдувањето за неговото затворање е само „параван за ограничување на плурализмот и задушување на полтичката дебата“ во Турција.
За адвокатите на Демирташ ја оценија пресудата на европскиот суд како „историска“, а западните сојузници ја повикаа Анкара да дејствува во согласност со оваа одлука.
Иако ваквите пресуди се правно обврзувачки, Турција досега во повеќенаврати не ги спроведуваше, вклучително и претходната пресуда на Европскиот суд за човекови права во случајот на Демирташ.
Ердоган обвини дека европскиот суд „застанал во одбрана на терорист“ и го повтори својот став дека Демирташ е одговорен за смртта на десеттици луѓе на протестите во 2014 година.
„Доколку Европскиот суд за човекови права сака Турција да го уважува, мора да ги преиспита своите сопствени противречности“, порача Ердоган и додаде дека станува збор за „лице со маска на политичар кој е близок со Работничката партија на Курдистан (PKK) и на своите раце ја има крвта на десетици луѓе“.
Турција, како и Европската унија и САД, PKK одамна ја имаат ставено на листата на терористички организации.
Ердоган го обвини судот во Стразбур и за „двојни аршини“ и за „лицемерна пресуда“ во случајот на Демирташ. Анкара одамна ја обвинува нејзината HDP за поврзаност со PKK. На Демитраш му се заканува казна од 142 години затвор, доколку биде прогласен за водач на терористичка организација, а тој ги отфрла сите обвинувања.