За Фергусон, Покетино е најдобар тренер во Премиер

За Фергусон, Покетино е најдобар тренер во Премиер
За Фергусон, Покетино е најдобар тренер во Премиер
Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон изјави дека во моментов најдобар менаџер во Премиер лигата е Маурицио Покетино.

Аргентинецот е еден од тренерите за кои се шпекулира дека ќе го замени Луј ван Гал на клупата на Јунајтед.

Покетино од 2014 година е менаџер на Тотенхем, кој во моментов е на второто место во Премиер Лигата со пет бодови заостанување зад лидерот Лестер Сити.

-Ќе ви откријам една тајна. Пред околу шест седмици имав вечера со Фергусон, а тој ми рече дека Тотенхем има најдобар менаџер во Премиер лигата, изјави членот на англискиот парламент Дејвид Леми.

Фергусон е еден од директорите на Јунајтед, и има огромно влијание и авторитет на „Олд Трафорд“ па неговото мислење може да создаде дополнителен притисок врз актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“ Ван Гал кој бележи резултати под очекувањата.

Покрај Покетино, англиските медиуми шпекулираат со Жозе Мурињо како менаџер на Јунајтед следната сезона.