За Флик пресуден бил Ноер, Тухел разочаран но не „премногу“

По освојувањето на шестата тутула европски првак за Баерн со кој тренерот Ханс Флик влезе во елитата, водачот на Баварците го издвои голманот и капитен Мануел Ноер, додека неговиот сонародник на клупата на синоќешниот противник ПСЖ, Томас Тухел, по поразот од 0:1 рече дека и пред мечот верувал оти првиот погодок ќе го реши победникот.

„Тоа беше натпревар со високот темпо, со шанси на двете страни, но ние го имаме Мануел Ноер, најдобриот голман на светот. Тој со своите одбрани нѐ извлече во неколку сутуации. Претходните денови често нѐ прашуваа како ќе се браниме од нивото напаѓачко трио (Ди Марија, Нејмар, Мбапе), а на крајот се покажа дека одработивме добра работа во тој сегмент. Сите играчи имаа придонесе во дефанзивата“, изјави Флик.

Решавачкиот погодок во 59 минута го постигна токму францускиот играч кој поникна во фудбалската школа на ПСЖ, Кингслу Коман.

„Коман е голем талент, а вечерва покажа и дека умее да погодува. Ова би можело да биде сезона, кога конечни излегува од сенката на своите претходници, Рибери и Робен…“, изјави Флик за медиумите по завршувањето на финалето во Лисабон во неделата ноќта.

„И пред натпреварот верував дека првиот гол ќе го одреди победникот. Имавме шанси, но Баерн прв ја затресе мрежата. Среќата има голема улога во фудбалот и убеден сум дека ние ќе славевме со 1:0 доколку први погодевме. Луѓето очекуваат дека Нејмар и Мбапе секога погодуваат кога ќе им се укаже шанса, но тое е невозможно. Нејмар играше одлично на оваа завршница во Лисабон, а кога станува збор за Мбапе вистинско чудо е што воопшто играше имајќи ја предвид неодамнешната повреда“, изјави Томас Тухел.

„Разочаран сум, но не премногу. Горд сум како ја одигравме завршницата во Лисабон, како игравме во финалето. Играчите го оставија срцето на теренот, тоа е важно. Покажавме дека имам сѐ што е потребно за да се озвојуваат титули“, заклучи Тухел кој го водеше тимот не успеа да триумфира во својот прв обид да се освои европскиот трон.