За германскиот министер за одбрана на е време за членство на Украина во НАТО, но прифатливи се напади во Русија

(Photo by Britta Pedersen / POOL / AFP)

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја отфрли брзата одлука за членството на Украина во НАТО кој изминатите осум години воена го поддржува Киев и особено во војната против Русија од ланскиот февруари, но смета дека се прифатливи украински напади на цели во Русија што бездруго би предизвикало опасна ескалација на судирот.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски во четвртокот го повтори барањето за итно примање на Украина во НАТО надевајќи се дека тоа би значело активирање на членот 5 од заедничкиот договор на Алијансата и директен воен судир меѓу воениот блок и Русија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенебрг, во текот на својата ненајавен посета на Киев изјави дека „местото на Украина е во НАТО“, а токму таквата можност беше главниот повод Русија да се реши за инвазијата во соседната земја.

„Вратата е отворена, но сега не е време за таквата одлука“, рече германскиот министер за одбрана во интервјуто емитувано доцна ноќта во програмата на јавната телевизија ZDF.

Писториус додаде дека Украина е свесна за ситуацијата во којашто се одлучува. Рече и дека одлуката за придружувањето на Украина на НАТО „не може да биде донесена само од солидарност, туку со студена глава и топло срце. Не обратно“.

Рече дека за можното членство на Украина во НАТО или во Европската унија нема да биде дискутирано во петокот на четвртиот состанок на Контактната група за одбрана на Украина, која ја формираа САД со своите западни сојузници, а ќе се одржи вообичаено во американската воздухопловна база Рамштајн во јужна Германија, од којашто, како обвинува Русија, се командува со операциите на украинската војска.

Коментарите на Писториус дојдоа по првата посета на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, кому уште од најавите на војната досега трипати му беше продолжуван мандатот на должноста, од почетокот на руската инвазија. Тој го покани и Володомир Зеленски да присуствува на самитот на НАТО во Вилнус во јули, истакнувајќи дека „кандидатурата на Украина за членство во НАТО и цврстите безбедносни гаранции за земјата ќе бидат високо на дневниот ред“ на самитот.

Писториус во продолжението од интервјуто за ZDF рече дека смета оти „ограничени напади“ од Украина врз руска територија е „прифатлива тактика додека Киев се брани од инвазијата“.

„Потполно е нормално во таква војна нападнатата страна да напредува кон непријателската територија, на пример за да ги пресече правците на снабдување. Сѐ додека не се напаѓаат никакви градови, никакви цивили, никакви цивилни области, нужно е тоа да се прифати. Неволно, но тоа е дел, на пример, пресекувањето на линиите на снабдување“, рече Писториус.

Истовремено јасно предочи дека Западот при носењето одлуки за испораките на оружје на Киев мора да има предвид „како се води оваа војна“. „Ако Украина бара одредени водови бомби кои се забранети ширум светот, тогаш мора да кажете не“, додаде Писториус.

Во текот на војната Русија повеќепати предупреди дека украинската војска користи забранета муниција, како нагазни мини, касетна муниција, фосфорна муниција и мали мини „латици“ чии жртви се најмногу деца поради нивната форма на мали фигурини, а Киев повеќепати од западните сојузници отворено бараше таква муниција. Минатиот месец Велика Британија најави и испорака на муниција и гранати со осиромашен ураниум на што остро предупреди Москва најавувајќи „соодветен одговор“.

Писторус, без да пружи какви и да се докази, ја коментираше „очајната состојба“ на руската војска,

„Знаеме дека дел од материјалот кој сега се носи од складиштата е во очајна состојба. Нешто од тоа е буквално старо како каменот – тенкови од 1950-те и 1960-те“, тврдеше Писториус.

Меѓутоа, предупреди дека не е возможно точно да се одреди колкави се руските производствени капацитети за нова опрема, па затоа западната воена поддршка за Украина мора да продолжи.