Поддржувачите на опозицијата продолжуваат со тешки навреди кон македонскиот народ, но и со признанија дека СДСМ нема шанси за победа на изборите закажани за 24-ти април. За главниот опозицискиот стратег Бранко Героски, Македонците не се народ, туку „збирштина од политички лешеви“, пишува порталот „Курир“.
Соросовите експоненти кои отворено ја поддржуваат политиката на СДСМ не запираат со навреди кон сопствениот народ, Уредникот на порталот Плусинфо и весникот „Слободен печат“, Бранко Героски, кој важи за еден од неформалните советници на опозицискиот лидер Зоран Заев во својата најнова колумна признава дека СДСМ нема да победи на изборите, бидејќи македонскиот народ бил „збирштина од политички лешеви“, за кого не верува дека ќе воскреснеле в година во април.
Тоа сме ние. Не народ, туку збирштина од политички лешеви. Кои треба да воскреснат вгодина во април, баш пред Велигден. Абе да видам, не верувам!, пишува Героски во колумната.
Навредите кон граѓаните веќе станаа секојдневие за Героски. Пред само неколку дена, опозицискиот перјаник во својот текст објавен на порталот „Плус Инфо“ им се обраќа на симпатизерите, членовите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ со зборовите, „торлаци“, „кретеноиди“ и „психопати“, покажувајќи дека кулминира некултурата во опозициските редови.
Ова не е прв пат, човекот што постојано е на браникот на интересите на СДСМ отворено да го навредува народот кој покажува дека го поддржува ВМРО-ДПМНЕ. Пред само две недели на насловната страна на неговиот весник „Слободен Печат“ осамна фото – монтажа на која поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ тој ги изедначи со стадо овци.
За Героски, народот или е ненормален или корумпоран. За него корумпирани се и обичните граѓани.
Тие што го поддржуваат Груевски, или се ненормални или се корумпирани. Проблемот е што корумпирани има многу – цели партии, раководства, институции, обични граѓани, напиша Героски во колумна пред неколку месеци.
Јавноста не ги заборава ниту срамните навреди на Героски од јанаури годинава, кога ги нарече будали сите што скокаат по Светиот крст за Водици. Новинарот близок до Заев и Шекеринска напиша дека „ако види на Водици возбудени сдсмовци и опозиционери од сите бои, како радосно кликаат додека будали скокаат во вода по крстовите што ги фрлаат поповите, ако види такво глупирање, ќе се чувствува многу, многу лошо“!