Од пријавите, 515 се прифатени, 32 се одбиени, додека 464 се во фаза на обработка.
Од Државната изборна комисија соопштуваат дека пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии ќе трае до 11 ноември 2016 година.
Комисијата ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство да се пријават за гласање за претстојните избори и информира дека пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk.