За Грузија е неприфатливо нејзиниот поранешен претседател да влезе во владата на Украина

Грузија во петокот реагираше на можноста нејзиниот поранешен претседател Михаил Саакашвил да стане заменик на премиерот на Украина, иако тој веќе извршуваше високи функции во оваа земја.

Во родната Грузија по Михаил Саакашвили е издадена потерница поради злоупотреба на службената функција. Грузискиот премиер Гиорги Гахарија во петокот објави дека именувањето на Саакашвили во украинската влада би било неприфатливо и дека Тбилиси би реагирал со повлекување на својот амбасадор од Киев.

Саакашвил беше грузиски претседател од 2004 до 2013 година, окткако ја водеше ткн Револуцијата на розите во 2003 година, против тогашните грузиски власти кои беа сметани за попустливо кон Москва, што беше всушност негова препорака за политичкото ангажирање во Украина.

Саакашвили претходно во средата објави дека добил понуда да стане украински вицепремиер задолжен за реформи. Во 2015 година, Саакашвили од тогашниот украински претседател Петро Порошенко доби украинско државјанство и беше именуван за гувернер на црноморскиот регион Одеса, во кој мнозинство е рускојазичното и руско население, но е под силна контрола на украинските безбедносни сили.

Меѓутоа, Саакашвили една година подоцна поднесе оставка по кавгите со Порошенко, негов поранешен сојузник и познаник од студентските денови минати во Киев. Кон средината на декември 2017 година Грузиецот предводеше протести на кои се бараше оставка од Порошенко кого го обвини за поддржување на „ендемската“ корупција во земјата.

Порошенко потоа му го одзема украинското државјанство, а откако Саакашвили во септември илегално влезе во Украина минувајќи ја границата со Полска во текот на масовниот судир на неговите приврзаници и украинската полиција, по што беше уапсен. Пет месеци подоцна беше протеран повторно во Полска. Во Украина се врати повторно минатата 2019 година откако сегашниот украински претседател Владимир Зеленски, кого го поддржа на изборите, му го врати државјанството, и чиј член на владата требаше да стане.