За Илинден ЈСП ќе вози по неделен распоред

Во вторник, поради државниот празник 2 Август (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, дежурниќе бидат три билетарници, а Жичарницата ќе работи вообичаено.

Дежурни од 7 до 13 часот ќе бидат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во периодот од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, соопшти ЈСП Скопје.