Американското Федералнo биро за истраги (FBI) предупредило дека во престолнината Вашингтон и во 50-те главни градови на американските сојузни држави се планираат вооружени протести во пресрет на инаугuрацијата на новoизбраниот претседател Џо Бајден на 20-ти јануари, известува во понеделникот телевизиската мрежа ABC News.
Неидентификуван вооружена група најавила дека планира да пристигне во Вашингтон на 16-ти јануари и да предизвика безредија дoколку биде направен обид републиканскиот претседател Доналд Трамп да биде отстранет од должноста, известува ABC News на својот профил на Twitter, повикувајќи се на извештај на FBI.
Безбедносни извори за Reuters ги потврдиле наводите на ABC News, а еден исто така неименуван извор рекол дека предупредувањето на FBI ќе биде на сила од 16-ти до најмалку 20-ти јануари.
Во меѓувреме, Националната гарда доби одобрување да распореди 15.000 припадници во Вашингтон ДиСи по повод инаугурацијата на 46-от американски претседател, изјави во понеделникот шефот на седиштетот на гардата.
Генералот Даниел Хокансон за новинарите рече дека се очекува дека до саботата во градот ќе бидат распоредени околу 10.000 припадници на Националната гарда, коишто ќе се фокусираа на давањето поддршка на безбедноста, логистиката и комуникациите.
Американската Агенција за национални паркови во понеделникот објави дека го затворила за посети споменикот на Џорџ Вапингтон во главниот град до 24-ти јануари поради наводни закани од групи кои учествувале во минатонеделниот упад во Конгресот дека ќе предизвикаат безредија на инаугурациајта на Бајден,
Можни се, исто така, привремени затворања на патишата, паркинзите и тоалетите во градските паркови, доколку тоа е „потребно за да се заштити безбедноста на граѓаните“.