Челникот на иранската Револуционерна гарда во петокот оцени дека налозите за апсење издадени од Меѓународниот кривичен суд (МКС) против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант значат „политичка смрт“ за Израел.
„Ова значи политичка смрт на ционистичкиот режим (Израел), режим кој денес живее во апсолутна политичка изолација во светот и чии функционери повеќе не можат да патуваат во други земји“, рече генералот Хосеин Салами, водач на Револуционерната гарда, идеолошка армија на Исламската Република, во говорот објавен од државната телевизија.
Во првата официјална реакција од Иран, Салами ги нарече налозите за апсење на МКС „добредојдена мерка“ и „голема победа за палестинските и либанските движења на отпорот“, имено палестински Хамас и либански Хезболах, се поддржани од Иран а палестинското сунитско движење по почетокот на војната во Газа минатиот октомври.
Израел и неговите сојузници, во прв ред САД и неговите партнери главно во западна Европа, ја критикуваа одлуката на Меѓународниот кривичен суд .
Според судот, налозите за апсење се издадени за „злосторства против човештвото и воени злосторства извршени помеѓу 8 октомври 2023 година и 20 мај 2024 година“.
МКС, исто така, издаде налог за апсење против Мухамед Деиф, шефот на вооруженото крило на Хамас, за истите злосторства „на територијата на државата Израел и државата Палестина од 7 октомври 2023 година“, денот кога Хамас го нападна Израел, по која избувна војна меѓу Хамас и Израел во Појасот Газа.
Теоретски, одлуката на МКС го ограничува движењето на Нетанјаху бидејќи која било од 124-те земји-членки кои се страни на МКС мора да го уапсат на своја територија.