Од организатори на кафански прослави на Ковачевски за 420 илјади евра, до главен пи-ар на СДС, Рејтинг на Спасов си ги одработува тендерите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Над 420 илјади евра беа потрошени за промоција на винскиот саем во Белград, кои наместо за државно етаблирање беа искористени и за кафанските мераци на Ковачевски. Дополнително над половина милион евра тендери од разни институции водени од СДС изминативе години се слеаја кон Рејтинг на Спасов. Очигледно е дека СДС многу го задолжиле Спасов, па преку Рејтинг сега го прави ПР от на СДС темелен на лажни вести, измислици и навреди. СДС тоне во деструктивност, мерачот на рејтинг, кој ги бодреше до последно дека победуваат, сега го носи сигурно кон амбис, се вели во соопштението од партијата.