Претседателот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами денеска порача дека треба да имаме повеќе доверба во предлозите што ни доаѓаат од ЕУ.
-Прифатлив е секој предлог кој доаѓа од ЕУ и Париз. Повик до сите граѓани дека ако веруваме во европските вредности тогаш треба да ги прифатиме предлозите кои доаѓаат од нив, да го решиме проблемот и кога ќе бидеме дел од ЕУ ќе имаме повеќе можности согласно тие стандарди за човековите права, рече Касами.