За Киев истекувањето на документите во NYT се „руска операција на дезинформирање“

Истекувањето на доверливите документи за поединости од плановите на САД и НАТО за асистирање во подготовките на Украина за најавуваната пролетна офанзива „изгледаат како риска операција за дезинформирање“ за да се создадат сомневања во планираната украинска противофанзива, тврдат во петокот од Киев.

Михајло Подолјак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, секако без да даде докази за агенцијата Reuters тврди дека документите за коишто извести The New York Times наводно содржат „многу големо количество измислени информации“.

„Ова се само оперативни елементи од оперативните игри на руските разузнавачки. И ништо повеќе“, рекол Подолјак во писмена изјава.

Претходно во четвртокот The New York Times објави дека Пентаготн истражува како документи со детален опис на плановите за зајакнување на украинската армија за планираната офанзива протекле оваа седмица на социјалните мрежи.

„Русија бара на сите начини да ја поврати иницијативата. Се обидува да влијае врз сценаријата за украинските планови за противофанзива. Да воведе сомнежи, да ги компромитира идеите и, конечно, да нѐ заплаши колку се ‘информирани’“, уверува Подолјак.

Украина се надева дека следните седмици или месеци ќе ја започне противофанзивата којашто ја најавува од минатата есен, за да ги поврати териториите под руска контрола.

Агенцијата Reuters пишува дека The New York Times објавил дека се чини оти документите се модифицирани во одредени делови, односно дека нивната содржина има е во нешто променета во однос на она што се наоѓало во оригиналите, Во еден дел се изнесува процена за украинските воени загуби, којашто е далеку поголема отколку досегашните процени кои официјално ги објавуваат на Западот.

Такви далеку поголеми податоци за загинатите украински војници објави на својот профил на Twitter пред неколку месеци и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, но видеото набрзо беше повлечено со образложение дека станувало збор за процена на вкупниот број загинати и ранети украински војници.

Во февруари турскиот весник Hurseda Haber, наведувајќи дека станува збор за доверливи податоци на израелското разузнавање кои протекле, наведе бројки за наводните украински загуби во луѓе и опрема. Така се наведува дека бројноста на вооружените сили на Украина изнесува 734.000 лица (плус 100.000 резервисти), вклучително и војници од земји членки на НАТО кои формално даваат оставки во своите војска, како и доброволци и платеници од странство.

Според тие податоци, без наводи како е дојдено до нив, се наведува дека во речиси едногодишната војна загинале 175.000 украински борци, ранети биле околу 234.000 војници, а заробени се 17.230 борци. Повикувајќи се на истиот извор, турскиот весник тврди дека загинале и 234 воени инструктори од НАТО, односно американски и британски. Истовремено, загинале 2.458 војници од земјите членки на сојузот, најмногу од Германија, Полска и балтичките земји, кои се бореле во регуларните единици на украинската војска, како и 5.360 наемници.

Киев не ги открива размерите на своите загуби во жива сила, и е многу чувствителен по тоа прашање.

Документите се објавени на Twitter и Telegram, а содржат графикони и детали за испораките на оружје, силите на баталјоните и други чувствителни информации, наведува весникот.  Информациите во документите се стари најмалку пет седмици, а најновата е датирана од 1-ви март, се вели во извештајот.

Еден од документите ги сумира распоредот за обука на 12 украински борбени бригади и се вели дека девет од нив биле обучени од силите на САД и НАТО и дека им се потребни 250 тенкови и повеќе од 350 механизирани возила, пишува весникот.

Информациите во документите, исто така, ги детализираат ставките на трошоците за муниција под воена контрола на Украина, вклучително и за ракетните системи HIMARS, артилериските ракетни системи произведени од САД кои се покажаа како високо ефикасни против руските сили.