Вашингтон се обидува да го претстави Пекинг како извор на нуклеарна закана, но пред сѐ најголемата опасност ја претставуваат токму Соединетите држави, изјави во четвртокот портпаролката на кинеското Министерство за одбрана, Мао Нинг.
Тоа всушност беше одговор на кинеската дипломатка на изјавата од ден претходно на помошничката на американскиот претседател за внатрешна безбедност Елизабет Шервуд-Рендал за неопходноста од одржувањето контакти со Пекинг со цел да се минимизараат заканите во заднината на растечкиот стратешки нуклеарен арсенал на Кина.
Како што рече Мао Нинг, изјавите за зголемените нуклеарните сили на Пекинг на Вашингтон му се потребни „како изговор за зголемување на сопствениот арсенал, како и за одржување на „воената хегемонија“. Дипломатката истакна дека последните години САД „агресивно“ ја модернизираат својата ткн нуклеарна тријада, додека Кина зазема „избалансирана“ позиција по тоа прашање.
„САД се најголемиот извор на нуклеарната закана во светот“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, повикувајќи го Вашингтон да ја преиспита својата безбедносна политика со преземање дејствија за „намалување на ризиците и одржување на глобалниот и регионалниот мир“.
Ден претходно Мао Нинг го повика Вашингтон да ги почитува принципите на пазарната економија и чесната конкуренција, ставајќи крај на притисокот врз странските компании.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп посакуваше при преговорите со Русија за продолжување на договорот за ограничување на нуклеарното оружје СТАРТ-3, кој инаку истече во јануари 2021 година а автоматски според клаузула е продолжен до 2026 година а Москва пред две седмици го суспендираше своето учество во делот на меѓусебните инспекции откако тоа не ѝ беше овозможено минатите години, сакаше во договорот да биде вклучена и Кина. Пекинг изминатите години повеќепати ја отфрлаше таквата можност, посочувајќи на несразмерноста и дека двете нуклеарни сили имаат арсенали повеќекратно поголеми арсенали отколку што се моментални кинеските.