За „конфликт“ меѓу Чарлс Трети и Лиз Трас пишуваат медиумите

Меѓу британската премиерка Лиз Трас и кралот Чарлс Трети се појавија разногласија околу нивното учество на конференцијата на Обединетите нации за климатските промени COP27, пишува Times.

Весникот наведува дека британскиот монарх, познат како страстен заштитник на природната средина, се откажал од идејата да присуствува на споменатата конференција по настојувањата на премиерката.

„Тој (Чарлс Трети) планираше да се обрати на состанокот на светските челници во Египет. Трас, којашто, исто така, најверојатно нема да отпатува на самитот во Шерма ел-Шеик, се спротистави на плановите на кралот во текот на приватната аудиенција во Бакингемскиот дворец минатиот месец“, пишува Times повикувајќи се на свои извори.

Весникот смета дека оваа одлука најверојатни ќе ги зголеми тензиите меѓу Трас и Чарлс Трети. Извор од Даунинг стрит за Times тврдел дека разгледувањето на тоа прашање минало во „добра и работна атмосфера“ и оти „немало никаков скандал“.

„Фактот што Неговото Височество нема физички да присуствува на самитот, не знаци дека нема да најде начин да земе учество на него“, појаснил изворот.

Друг соговорник на весникот истакнал дека кралот би бил „разочаран“ доколку не отиде на настанот.