Европската унија го уништи својот однос со Русија, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров откако Брисел донесе нови санкции против Москва.
„Не постојат односи со Европската унија како организација. Севкупната инфраструктура на овие односи е уништена со едностраните одлуки на Брисел“, изјави Лавров во текот на своето патување во Кина.
Шефот на руската дипломатија вели дека пристапот на руската надворешна политика на ниво на целата ЕУ исчезнал, а оти преостанел само поедини земји партнери од блокот водени од сопствените интереси.
Лавров, кој во минатото често се жалеше на односот на ЕУ кон Русија и изразуваше надежи во нивното поправање и предупредуваше дека тоа претставува само следење на политиките и интересите на САД, сега имаше низа особено остри коментари на оваа тема од Кина.
„Една од последиците на агресивното дејствување на ЕУ е јакнењето на врските меѓу Русија и Кина“, рече Лавров на прес-конференцијата со својот кинески колега Ванг Ји.
Сепак, Лавров уште еднаш остави простор за ЕУ истакнувајчид ека доколку Брисел направи позитивен чекор, Москва ќе одговрои на ист начин.
ЕУ неодмана воведе нова серија санкции против Русија поради наводното труење на рускиот опозициски активист Алексеј Навални, како и наводното и исто така недокажано хакирање на германскиот парламент во 2015 година.
Лавров престојуваше на дводневно советување со министерот Ји во јужна Кина. Во понеделникот ЕУ воведе санкции и за Кина поради наводно кршење на Ујгурите, пратурски муслимански народ, а ова се првите рестрикции кои Брисел ги воведува кон Пекинг по настаните од плоштадот Тианемен во 1989 година.