Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Марчело Липи, ги искара сите тие кои не сакаат да признаат дека калчо гигантот Јувентус, е најголемото разочарување во новата сезона од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
„Некој мора да признае дека Јувентус е најголемото разочарување во годинашното издание на Лигата на шампиони. Конте веќе изјави дека, вината за елиминацијата, не смее да се бара во неочекуваниот пораз во Истанбул. Вината за елиминацијата мора да се побара во првите два натпревара од групната фаза. Јувентус е доволно квалитетен да игра најмлаку во 1/4 финалната рунда, но сега е дел од Лигата на Европа. Добро ги познавам фудбалерите на Јувентус и знам колку се сега лути. Убедени се дека се подобро од тие на Галатасарај и тоа е тожно. Елиминацијата на Јувентус е голем неуспех, но знам дека за некоја година ќе бидат дел од европскиот врв”, изјави Липи.