Францускиот претседател Емануел Макрон во средата го нарече „неосновани“ и „скандалозни“ критиките од полскиот премиер Матеуш Моравјецки на сметка на неговите бројни телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин во врска со војната во Украина.
Миравјецки во понеделникот го прозва Макрон поради преговорите со Путин кого го нарече „Хитлер поради убиствата на цивили во Украина“, истакнувајќи дека „со таквите не се преговара“.
„Господине претседателе Макрон, колку пати разговаравте со Путин, што постигнавте? Дали запревте барем некоја од акциите кои се случија? Со криминалците не треба да се разговара, против нив треба д се бори… Никој не преговара со Хитлер, Дали би преговарале со Хитлер, Сталин, Пол Пот?“, праша Моравјецки чијашто земја истиот ден побара од САД да разместат нуклеарно оружје на нејзина територија.
„Овие изјави се истовремено неосновани и скандалозни, но не ме изненадуваат…“ бидејќи Моравјецски со поддршка на партијата од екстремната десница се „меша во францската политичка кампања“ откко неколкупати ја прими Марин Лепен којашто ја поддржува, рече Макрон.
Во Франција во неделата се одржува првиот круг од претседателските избори на коишто Макрон е во водство, коешто Лепен како втора во анкетите го намали, која важи за близок истомисленик за иднината на Европа со рускиот претседател Путин.
Макрон интензивно одржуваше контакти за да посредува меѓу Путин и Зеленски. Патуваше на почетокот од февраури во Москва и Киева, и со рускиот претседател разговарал 16 пати од почетокот на годинава, а вели дека тоа го правел од почетокот на својот мандат.
„Никогаш не бев наивен, за разлика од другите, никогаш не сум бил соучесник, за разлика од другите. Секогаш бев за разговор со Русија и постојано разговарав за да се постигне прекин на огнот, хуманитарно примирје, како што впрочем тоа го правеше и германскиот канцелар (Олаф) Шолц или другите шефови на држави и влади во Европа. Мислам дека тоа е мојата задача“, изјави Макрон во средата инсистирајќи истовремено на новите санкци против Москва.