За малку избегнат судар на британски падобранци со американски ‘F-15’

Двајца британски паробранци за малку ќе се судреле со американски борбени авиони кои летале со брзина од 560 километри на час, според извештајот кој во четвертокот го пренесува BBC.

Додека понирале со брзина од 190 километир на час, падобранците со камерите поставени на нивните заштитни кацифги снимиле како близу под нив минуваат два ловца од типот „F-15“.

Воздушната контрола трабало да им јави на пилотите дека падобранците се во воздухот, пишува во извештајот на британскиот воен комитет. Во комитетот не можеле да утвирдат точно колку недостасувало до судар над аеродромот „Чатерис“ на 17-ти април.

Во американската база деновиве повторно се разговара со пилитоте за да станат свесни за ваквата опасност. Инцидентот е вброен во втората најопасна категорија.

„Падобраниците немале контрола над брзината и насоката, но можеле да ги отворат падобраните и да го забават падот“, пишува во извештајот.