За Моралес изјавите од САД се закана за континентот

Боливискиот претседател Ево Моралес го оцени изјавите кои доаѓаат од Вашингтон во врска со ситуацијата во Боливија закана за опстојувањето на мирот на јужноамериканскиот континент.

„Тие (САД – з.р.) сакаат да предизвикаат судир меѓу браќа, спроведувајќи војни и насилства. Оваа империја сака да ја остави Венецуела опустошена и осиромашена, како Ирак и Либија“, напиша Моралес на Twitter.

Боливискиот претседател, исто така, вели дека САД незаконски ги замрзнале сметките на Венецуела со кои располагаат властите на земјата, со цел да може да финансираат државен удар во земјата, како и да добијат пристап до нејзините богати природни ресурси.

Во Венецуела на 21-ви јануари почнаа масовни протести на опозицијата против актуелниот социјалистички претседател Николас Мадуро. Претседателот на парламентот, 35-годишниот дотогаш малку познат опозициски политичар, 35-годишниот Хуан Гуаидо, на 23-ти јануари се самопрогласи за привремен шеф на државата во периот од активноста на наводна привремена влада. САД и нивните сојузници во регионот и светот го поддржаа, додека Русија, Кина, Индија, Иран и Турција се меѓу државите кои ги признаваат Николас Мадуро како легитимен претседател на Венецуела.

Велика Британија, Германија, Франција и Шпанија, исто така, соопштија дека ќе го признаат Гуаидо за временски претседател, доколку во рок од осум дена актуелните венецуелски власти не распишат предвремени претседателски избори, иако тие се одржаа пред само десет месеци.

Во моментов, покрај САД, Гуаидо како привремен претседател го признаа и Бразил, Канада, Аргентина, Чиле, Колумбија, Костарика, Гватемала, Хондурас, Панама, Парагвај, Пери, Грузија, Албанија и повеќе други земји.