
Изјавите за потенцијален вооружен конфликт меѓу Русија и Украина е уште една фикција од страна на Киев, изјави во петокот заменикот руски министер за надворешни работи Андреј Руденко, откако претходно во четвртокот САД ја предупредија Москва „да не ѝ се заканува на Украина која тврдеше дека руската страна наводно концентрира свои армиски сили долж заедничката граница.
„Русија не е заинтересирана за каков и да е конфликт со Украина, најмалку за воен“, истакнал Руденко за агенцијата РИА.
Според рускиот дипломат, со вакцвите изјави украинските власти уште еднаш ги одвлекуваат вниманието на своите граѓани од внатрешните проблеми во земјата, вклучително и оние кои се поврзани со „падот на популарноста на владејачката партија“.
Москва, истакнал Руденко, се надева дека ќе биде избегнато негативното сценариот за развој на настаните.
„Се надеваме дека Украина ќе покаже разумност и ќе се водржи од чекори коишто ќе предизвика конфликт“, додава рускиот дипломат.
Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреди дека хипотетичкото појавување на американската војска во Украина неизбежно ќе ја испровицира Русија на „дополнителни мерки“.
Според поратпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, и без тоа ситуацијата на раздвојувањето во побунетиот рускојазичен источен украински регион Донбас веќе е „многу застрашувачка“, која ја влошуваат со провокациите на вооружените сили на Киев.
Во четвртокот министерството за одбрана на Украина по разговорите на министерот Андреј Таран и шефот на Пентагон, Лојд Остин, објави дека Вашингтон ќе го поддржи Киев „во случај на ексалација на руската агресија“.
САД во своито соопштение по тврдењата на Киев во четвртокот вечерта ја потврди својата поддршка за закакнување на воениот потенцијал на Украина и потсети дека од 2015 година Вашингтон издвоил повеќе од 2 милијарди долари за помош на Киев во областа на безбедноста.
Потпретседателот на рускиот Совет на федерацијата, Константин Косачев, коментирајќи ги изјавите од Киев и Вашингтон, истакна дека украинската војска последните месеци го зајакнување групирањето на своите сили во Донбас, спротивно од договорот со ОБСЕ.
Потсети, исто така, на неодамнешната изјава началникот на украинскиот сили Руслан Комчак, кој ги објави плановите на Киев за зајанување на своите воени позиции на југоистокот на Украина и во близина на полустровот Крим кој по превратот во 2014 година со референдум изгласа враќања на автономијата во рамките на украинската држава и истовремено истапување од нејзиниот состав и присоединување кон Руската Федерација. Сенаторот Косачев истакна дека таквите дејствија се спротивни на мировните договори од Минск и порача дека Москва се обидува да спрчи спроведување воено сценарио на руските јужни граници.