
Трета рунда преговори меѓу претставниците на земјите-членки на ОН ќе започне денеска во кенискиот главен град Најроби за финализирање на деталите од глобално обврзувачкиот договор за драстично намалување на пластичниот отпад.
Целта на преговорите е да се склучи глобално обврзувачки договор со цел да се минимизираат штетните ефекти од загадувањето со пластика врз животната средина и здравјето на луѓето.
Според Пластикс Јуроп, здружение на производители на пластика, во светот во 2022 година билет произведени 400,3 милиони тони пластика – двојно повеќе од 2002 година.