Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (IS) ја презема одговорноста за нападот од понеделникто вечерта во Виена, додека во Швајцарија се уапсени две лица поврзани со нападот во австриската престолнина во кое се убиени четири лица, како и 20-годишниот напаѓач Албанец роден во Виена во семејство по потекло од Македонија.
Уште во понеделникот ноќта американската компанија SITE Intelligence Group, којашто ги следи информативните активности на екстремистичките групи на итнернет, објави дека џихадистите ја преземале одговорноста за нападот во Виена. Во објавата се истакнувало дека нападот бил „плаќање на сметката“ за учеството на Австрија во коалицијата предводена од САД против Исламската држава.
Во објавата на Исламската држава од вторникот на нејзината мрежа Telegram се наведува дека „војникот на калифатот“ е одговорен за нападот во близина на виенската Голема синагога и Операта. Во одвоен текст објавен со фотографија на воорижениот напаѓач, пропагандната агенција на џихадистичката групација Amaq зборува за „напад со огнено оружје коешто вчера (понеделник) го изведе борец на Исламската држава во Виена“.
Двајца млади Швајцарци, на 18 и на 24 години, се уапсени во вторникот во Винтертур, близу Цирих, на северот на Швајцарија, во врска со џихадистичкиот напад во Виена, соопшти тамошната полиција.
„Со полициска истрага се иденфитикувани швајцарски државјани, 18-годишникк и 24-годишник. Двајцата во Винтертур во вторникот попладнето ги уапси единицата за посебни намени во соработка со австриските власти“, наведува во соопштението полицијата на кантонот Цирих.
Можната поврзаност на „двајцата уапсени и главниот осомничен за нападите во мометот ги истражуваат меродавните власти“, се додава во полициското соопштение.
Во 2017 година етиопскиот имам на џамијата Ан Нур во Винтертур беше обвинет пред Кантоналниот суд поради тоа што повикувал на убивање на муслиманите кои не го практикувале исламот според неговите согледувања.
За нападот кој во понеделникот вечерта се одигра во самото срце на австриската престолнина, се осомничи 20-годишниот „симпатизер“ на Исламската држава кој имал обид да замиен во Сирија. Кујтим Фејзулаи, роден во Виена во семејство од тетовското село Челопек, убиен е во престрелката со полицијата. Дваесетгодишникот во 2019 година бил осуден во Австрија на затвор поради обидот да ѝ се приклучи на Исламската држава во Сирија, но бил пуштен доста предвреме.
Швајцарските власти не наведуваа што била причината за апсењето на двете момчиња во Винтертур, ниту ги идентификуваат според имињата и потеклото.
„Главната задача е да се утврди дали биле вмешани во нападот“, соопшти полицијата на Кантонот Цирих која тесно соработува со швајцарската сојузна и со австриската полиција.
„Кога станува збор за нападот во Виена, Федпол (швајцарската сојузна полиција – з.р.) и разузнавачките службо на Конфедерцијата ја истажуваат неговата можна поврзаност со Швајцарија, во тесна соработка со кантонските и со австриските власти“, изјавила за AFP порпаролката на разузнавачката слуќба, Изабел Грабер.
И полицијата во Цирих соопшти дека формирала работна група задолжена да истражи „меѓу другото, дали злосторствата сторени во Виена се поврзани со циришкиот кантон“.
Медиумите потсетуваат дека на 12-ти септември во Моргес, на западот на Швајцарија, момче со двојно турско-швајцарско државјанство, од претходно познат на полицијата и пуштен од затвор поради психички тешкотии, избодел на смрт случаен минувач на улица.
Разузнавачките служби тој напад го оцениле како терористички. Сојузното обвинителство ја води истрагата за ова убиствот.
Швајцарската претседателка Симонета Сомаруга изрази во вторникот „солидарност со Австрија и со Франција“.
„Швајцарија остро го осудува тероризмот и секој чин на насилство. Нашите демократски вредности слободата и толерантноста, втемелени на законот, мора да ни бидат брана од варварството“, додаде.