За неколку дена од берлинскиот затвор побегнале девет затвореници

Девет затвореници побегнале до еден од затворите во Берлин во период меѓу Божик и Нова година, а спектакуларното бегство го снимиле надзорните камери, објавија во вторникот локалните власти.

Полицијата и натаму е во потрага по седум од деветте бегалци, додека двајца веќе се предале. Затворениците од затворот „Плоецензе“ издржувале казни за вооружени грабежи, нанесување тешки повреди и провали.

Четворица бегалци, на возраст меѓу 28 и 35 години, побегнале преку системот за вентилација кој го отвориле со алатка украдена од затворската работилници. Ова бегство посебно одекна во јавноста, бидејќи надзорните камери ги снимиле бегството, но затворската служба дури по половина час кренала тревога.

Во моментов во затворот се врши проверка на безбедносниот систем, изјави берлинскиот пратеник задолжен за правосудни прашања Дирк Бехрендт. Опозицијата, пак, бара негова оставка бидејќи споменатиот затвор станал „куќа со отворени врати“, обвинува функционерот на либералите Марсел Луте.