За неносење маска пријавени 365 лица

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.01.2021) на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 365 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.