Вкупно осум сообраќајни несреќи се случиле на територијата на Република Македонија од почетокот на оваа година. Во сообраќајните несреќи имало вкупно 22 настрадани, од кои тројца се починати, а останатите 19 лица се со полесни или потешки повреди.
Единствено во една сообраќајна несреќа, која се случила во наслебата Ченто, нема ниту мртви, ниту повредени и е причинета само материјална штета.
Последната сообраќајна несреќа се случи во текот на вчерашниот ден, кај месноста Криви дол, каде при директен судар на две возила, едно лице починало, а две се повредени.
Во текот на минатата недела, се случи и сообраќајна несреќа на наплатната рампа Тетово, каде возило поради неприлагодена брзина удри во заштитниот столб на патарината. Во сообраќајната несреќа имаше две повредени лица, меѓу кои и лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети.
Сообраќајката со најмногу повредени лица се случи во месноста Три чешми, струмичко, каде повредени биле дури 12 лица. Сообраќајната несреќа настанала при директен судар меѓу минибус и автомобил. Десет лица биле полесно, а само две потешко повредени.
Еден загинат има и во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Липково. Несреќата се случила на тој начин што, сега починатиот, изгубил контрола врз возилото и удрило во објект покрај патот.
На автопатот Прилеп-Битола, кај месноста Алинци, на почетокот на месецов се случила сообраќајна несреќа во која животот го загубило едно лица, а две биле потешко повредени.
Во првата сообраќајна несреќа која се случи годинава во населбата Ченто, со повреди се здобиле две лица, кои веднаш биле пренесени на скопските клиники, за разлика од втората сообраќајна несреќа во која има само материјална штета.
Првата сообраќајна несреќа годинава се случи на први јануари на булеварот АСНОМ во населбата Аеродром. Во оваа собраќајна незгода има само едно повредено лице, кое било надвор од животна опасност.