Албанската полиција од почетокот на 2017 година запленила вкупно 28 тони марихуана, соопшти генералниот директор на полицијата, Алтин Ќато.
Според полициската статистика, запленети се и килограм кокаин и 12 килограми хероин.
„Запленетите количества дрога потврдуваат уште еднаш дека проблемот со мархуаната во Албанија добива застрашувачки димензии. Уште повеќе што речиси исто количество албанска марихуана е запленето во Италија, над десет тони во Грција и помали количества во другите соседни земји, констатираат албанските медиуми во написите кои најчесто се под наслов „Албанија потоната во марихауна“ и „Албанија преплавена со марихуана“.
Во рамки на мерките кои полицијата ги презема за сузбивање на производството на марихуаната, на располагање на граѓаните е ставена бесплатна телефонска линија, на која може да се јават за да дадат информација за граѓани или полициски службеници вмешани во производство и трговија на мархуана. За полезна информација следува награда и целосна анонимност.