За непрописно престигнување 102 казни на територијата на државата

Во текот на вчерашниот ден (17.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 102 возачи. Од нив, 30 на територијата на СВР Охрид, 27 на територијата на СВР Тетово…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.