
Вработен во Заводот за статистика поради објавени информации добива закани дека ќе остане без работното место.
Беким Бериша на својот Фејсбук профил објави што доживеал:
„Осум години ги критикував директорите поставени од ВМРО-ДПМНЕ. Осум години ниту еднаш не бев повикан во канцеларијата на директорот за да бидам укорен.
Едно пишување за статистика (завчера) и денеска бев повикан во канцеларијата на директорот, којшто дури се дрзна да ми се закани дека ќе ме избрка од работа.
Ако све е како што треба, зошто толку се налути бре?!
Нека излезе некој и нека наброи кои истражувања не сум ги објавил навремено?! Дури и истражувања кои не се во моите работни задачи а ниту во моето одделение, јас ги вршам. Ама ако сум пишувал на Facebook ќе ме избркал од работа?! ОЗБИЛНО?! Ким Јонг Ун лајкс дис!! – открива Бериша.