Франускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека сите показатeли упатуваат на тоа дека нападот врз полицијата во четвртокот во престолнината Париз во кој беа убиени двајца полицајци а уште еден беше ранет е поврзан со тероризмот и оти безбедносните служби ќе бидат внимателни во текот на првиот круг од претседаателските избори кој ќе се одржи во недела.
Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава ја презема одговорноста за пукањето во соопштението објавено на нејзината интернет страница Amaq.
„Нападот на Елисејските полиња во центарот на Париз го изведе Абу Јусеф, Белгиец, борец на Исламскатата држава“, се наведува во соопштенеито што го цитира Reuters.
Итниот состанок на челниците на безбдносните, одбранбените и разузнавачки агенции ќе се одржи подоцна во петокот, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд во изјавата којашто беше пренесувана на телевизиите. Оланд, кој се откажа од кандидатурата за уште еден мандат на изборите чиј прв круг ќе се одржи во недела, додае „Ќе бидеме крајно претпазливи, особено во врска со изборите“.
Вториот напаѓач, за којшто се верува дека учествувал во нападот на познатата париска авенија Елисејски полиња во центарот на Париз сé уште е во бегство, пишува дневниот весник Le Figaro. Против напаѓачот се водела антитерористичка истрага, бидејќи покажувал намери да убива полицајци, дознава агенцијата AFP од извори блиски на истрагата.
Во четвртокот вечерта во париското предградие Сен-е-Марн, била претресена куќата на напаѓачот. Откриен е според возачката дозвола на автомобилот користен во нападот.
Полицајците на местото на нападот изјавиле дека трагаат по потенцијалниот втор напаѓач, а полициски извор за Reuters рекол дека е издаден налог за апсење по осомничен кој дошол во Париз со воз од Белгија.
Очевидци изјавиле дека автомобил со непознати лица се запрел пред патролно полициско возило, по што започнала престрелка.