![zaev cipras](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/zaev-cipras-1.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
„Владата на Заев, Димитров и поддржувачите од СДСМ со потписот на Преспанскиот договор го поништија идентитетот на граѓаните на Македонија. Тоа ни го кажале и нивните нови собраќа од грчката влада уште во 2019 година“, пишува Богдан Илиевски на Фејсбук и додава:
„Ова подолу е видео објавено на официјалниот канал на грчката влада на 21-ви јануари 2019. Пред некој ден го начекав овој сегмент преведен на македонски јазик. Што да ви кажам, идентитетот – бетон“.
За пото да продолжи: „Започнуваат со фалба, си ја имале нивната Македонија:
„Дојде време да ја дознаете вистината! Со преспанскиот договор ја имаме нашата Македонија.“
Успехот на Грција – по 140 признанија, сами се отпишавме:
„140 земји го признаа Скопје под нивното уставно име – со други зборови Република Македонија. Нашите соседи го менуваат името на нивната земја во С&#@%‘на Македонија.“
Идентитетот бетон:
„Терминот Македонија без каква било друга одредница останува на Грција. Ја земаме назад нашата историја.“
Идентитетот бетон 2 (апла си пишуваат дека ни го расцепкале идентитетот):
„Нашите соседи го одделуваат својот идентитет, признавајќи дека нивниот јазик е словенски, и дека нивната цивилизација нема никаква врска со нашето античко наследство. “
Идентитетот бетон 3 (не признаваме Македонци, туку државјанство):
„Со Преспанскиот договор ние го признаваме државјанството, а не националностите кои го сочинуваат. “
Че ги брусат шахтите:
„Отстрането е и сонцето со 16 краци од Кутлеш и неговата употреба преминува исклучиво во Грција.“
Сето ова е содржано во официјално видео од грчката влада. Еве, оние кои го зачуваа идентитетот нека си го погледнат видеото“.
Потоа Илиевски вели: „Знам дека мнозина од вас веќе ви е „досадна“ темата, што е трагедија, но ене ги идат и источњациве да си земат додека можат, а овие фалбаџииве се нудат за посредници“.