Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди во саботата дека би „претставувало грешка“ западните сојузници да се вратат на нормалните односи со Русија, дури и доколку запре руската офанзива во Украина.
Во говорот одржан на конгресот на неговата Конзервативна партија во Блекпул, од чиешто членство пред почетокот на украинската криза беше барана неговата оставка, британскиот премиер Борис Џонсон беше придружуван од украинскиот амбасадор во Лондон, Вадим Присталко.
Џонсон притоа рече дека „дошло времето да се избира меѓу слободата и угнетувањето“. Зборувајќи за „оние кои велат дека би било подобро да се прифати тиранијата“, оцени дека „длабоко грешат“.
„Да се направи обид по ова повторно да се нормализираат односите со Русија, како што тоа го сторивме во 2014 година, би значело да се направо потполно истата грешка“, рече Џонсон алудирајќи на моментот кога по превратот во Киев 2014 година руското нациоанално мозинство на црноморскиот полуостров Крим со два референдума ја врати укинатата автономија по осамостојувањето на Украина од СССР и да се врати во составот на Русија од која административно е отцепена во 1950-те години што Западот не ги признава.
Џонсон рече и дека смета дека рускиот претседател Владимир Путин ја нападнал Украина бидејќи сметал дека го „загрозуваат слободата и демократијата“ во Украина, но не ги спомена укинувањето на правата на етничките малцинства по 2014 година, како забраната на употреба и образование на мајчиниот јазик и прогласувањето за неавтохтони населенија.
„Во Русија на Путин одиш во затвор на 15 години само затоа што инвазијата си ја нарекол инвазија, а доколку му се спротиставиш на Путин на изборите, те трујат или те застролуваат“, рече британскиот премиер без да даде докази за своите тврдења.
Џонсон, повторно без да понуди аргументи, додаде дека смета оти Путин е „преплашен од ефектот што овој украински модел го имал врз него и врз Русија“, како дека е во „целосна паника“ поради „револуцијата во Москва“.
И додека Русија ја јакне офанзивата во Украина, украинскиот претседател Владимир Зеленски ја повика Москва да се согласи на „состанок“ на кој сериозно би се „разговарало“ за мирот.
Меѓутоа, британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, која е лично фруструрана по бламажата на заедничката прес-конференција со рускиот колега Сергеј Лавров при нејзината посета на Москва пред почетокот на руската инвазија, рече дека стравува оти мировните преговори се само „чадна завеса“ којашто „Кремљ ја користи во пресрет новата офанзива“.
Во интервјуто за магазинот Times објавено во саботата, Трас вели дека е „многу скептична“ во поглед на мировните преговори, како и дека верува дека Русија ги користи како диверзија за подобро „прегрупирање“ на своите сили во Украина.
„Нивната инвазија не оди како што е планирано. Не гледаме сериозно повлекување на руските трупи, ниту сериозни предлози на масата“, тврди Трас алудирајќи дека Русија требало да ја заврши многу порано инвазијата во Украина, иако Москва повеќепати посочи дека нема рок за нејзиното спроведување и дека ќе трае „додека не бидат исполнети нејзините задачи“.
„Русите повторно лажеа. Се плашам дека преговорите се уште еден обид за диверзија и креирање чадна завеса за да се прикријат ужасните ѕверства“, додава Трас истакнувајќи дека „доколку земјата во преговорите мисли сериозно, тогаш тој ден не ги бомбардира неселективно цивилите“.
Во својот најнов осврт на руската офанзива во Украина во саботата британското министерство оцени дека „Кремљ досега не успеал да ги реализира почетните цели“ и наводно дека е „принуден да го модификува својот оперативен систем“.
„Тоа веројатно ќе вклучува неселективен оган, а тоа пак ќе резултира со зголемен број цивилни жртви, уништување на украинската инфраструктура и ескалација на хуманитарната криза“, оценуваат во Лондон навестувајќи ги следните точки на кампањата за коментирање на војната во Украина.