Буџетот за следната година, кој во себе има силна развојна компонента, според опозициските пратеници бил лошо проектиран и катастрофален за граѓаните.
Пратеникот од СДСМ, Горан Сугаревски, на денешната расправа во Собранието за предлог буџетот, рече дека тој бил лошо проектиран и катастрофален и граѓаните нема што да очекуваат.
За Јани Макрадули од СДСМ дека овој буџет не е на штета само на Албанците туку на сите граѓани на Македонија.
„Најдобар доказ за расипништвото против сите жители е проект Македонско село, којшто надлежните тврдат дека ќе чини 3,5 милиони евра, а веќе сега достигнал 5,5 милиони евра, а исто и зградата за Министертството за траснпосрт и врски за која ресорниот министер тврди дека досега потрошиле 185 илјади евра“, рече Макрадули.
Расправата ќе продолжи во 15 часот по паузата побарана од ДПА, која се надоврзува на редовната пауза.