![200503144655-george-w-bush-2019-exlarge-169](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/200503144655-george-w-bush-2019-exlarge-169.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го критикуваше повлекувањето на САД и НАТО од Авганистан, нагласувајќи дека цивилите се оставени да бидат „немилосрдно убиени“ од талибанците.
– Авганистанските жени и девојчиња неописливо ќе страдаат. Ова е грешка … Тие едноставно ќе бидат напуштени да бидат немилосрдно убиени од овие многу брутални луѓе и тоа ми го крши срцето – изјави Буш за германската телевизија Дојче веле.
Тој додаде дека верува оти германската канцеларка Ангела Меркел се чувствува исто.
Силите на САД и НАТО почнаа да се повлекуваат од Авганистан на почетокот на мај и тие мора да бидат целосно повлечени до 11 септември, околу 20 години по распоредувањњето во таа држава.
Повеќето од 2.500 американски и 7.500 војници на НАТО веќе заминаа од Авганистан.