Од МНР нема да следува официјална реакција до Софија во однос на бугарскиот меморандум испратен до земјите членки, со кој Софија го обвинува Скопје за антибугарска идеолологија а македонскиот јазик за дијалект на бугарскиот.
Шефот на дипломатијата Османи изјави дека со Захариева контактирал пред објавувањето на документот, и повтори дека двете земји терба да го почитуваат Договорот за добрососедство со цел да се надминат разликите, а околу историските прашања да нема мешање на политиката.
Османи е убеден дека софија нема да го блокира почетокот на преговорите, и очекуваната мегувладина конферемнција во декември, ниту пак дека прашањето за Гоце Делчев ќе биде поставено како услов.
Во меѓувреме, непосредно откако беше објавен меморандумот на Софија, екс шефот на дипломатијата и претседател на собраниската комисија за Надворешна политика Антонио Милошоски инсистира Собранието да усвои декларација за потврдување на македонскиот идентитет а како контра одговор на претходно донесената декларација на бугарското собрание.
Во пресрет пак на најавената средба во Скопје на мешовитата комсиија со Бугарија , која се очекува да продолжи со работат по подолгата пауза, претседателот на макеоднскиот тим на експерти Драги Ѓоргиев за Дојче вели оцени дека меморандумот на Софија не придонесува за успешната работа на комисијата.
Според Ѓоргиев негувањето на сопствениот јазик и култура и на сопственото чуство на идентитет не може да биде закана за европските вредности и по никоја основа не може да претставува антибугарски чин постојат различни читања на историјата, но тие не мора да водат до конфликт, вели Ѓоргиев.