Во изминатите осум месеци, односно до крајот на август годинава, издадени се лиценци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 250 MW, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
„Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива, во најголем дел тоа се компании кои поставуваат фотонапонски панели за да можат да ги задоволат потребите на основната дејност која ја работат. Или практично, со производството на струја од овие нови капацитети од обновливи извори може да се снабдуваат скоро 80 илјади домаќинства “ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Во минатата година РКЕ издаде лиценци за производство на струја од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW, додека во претходната, 2022 година, издадени се лиценци за 152,2 MW.