За Париз „лаги“ се обвинувањата на Москва за украинското кршење на хуманитарното право

Елисејскиот дворец ги нарече „лаги“ фактите кои рускиот претседател Владимир Путин ги изнел дека украинските сили го кршат хуманитарното право, во соопштението обајвено по саботниот телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц и во обидот да се зајакне рејтингот на францускиот претседател Емануел Макрон кој порасна пред априлските претседателски избори што се должи на неговиот ангажман во украинската криза.

Разговорот меѓу тројцата челници, втор во последните два дена по оној во четвртокот, траел 75 минути и бил на барање од Париз и Берлин а бил „насочен на итно примирје и почетокот на дипломатското решение“, објави Елисејскиот дворец.

Портпаролот на германската влада претходно во саботата објави кусо соопштение за трилатералниот разговор, но во соопштението од Берлин не беа дадени поединости.

Пред разговорот со Путин, Макрон и Шолц одвоено разговарале со украинскиот претседател Владимир Зеленски кој од нив барал да се заземат кај рускиот челник борбите веднаш да престанат додека руската војска го затега обрачот околу Киев и продолжува да ги гранатира позициите на украинските сили во другите градови.

Зеленски од нив дополнително барал и да се ослободи градоначалникот на Мелитопол, кој според тврдењето на Киев ден претходно го „киднапирале“ руските сили.

Во стратешки важниот пристанишен град Мариупол, со доминатно руско и рускојазично население, разорен по двонеделната опсада, „состојбата е многу тешка, човечки гледано неподносливо и единствената одлука која Путин треба да ја донесе е да ја прекине опсадата“, додава Елисејскиот дворец но не ги споменува причините за пропаѓањето на обидите за извлекување на населението кои ги отвори руската војска.

Париз со најмалку дипломатски речник оценува дека Путин „лажел“ кога во разговорот на Макрон му предочил дека украинските националистички баталјони вклучени во украинската регуларна војска „јасно го кршат хуманитарното право“ со „атентатите врз неистомислениците, земањето заложници и нивното користење како жив штит, како и распоредувањето на тешкото вооружување во станбени делови од градовите, во близу болници, училишта и детски градинки“.

Макрон, според тврдењето на Елисејскиот дворец, наводно му одговорил и му се заканил на Путин дека „злосторствата на руската војска мора да престанат“ и дека „најтешките повреди“ можат „врз основа на меѓународното право и истрагата која во тек“ да се нарече „воено злосторство“.

По разговорот кој е оценет како „искрен и тежок“ во „драматичен момент“, Макрон „решил да ги искористи сите дипломатски можности, во прв ред тешкиот дијалог“ со Путин, ни и санкциите „од историска важност“ со „изолација“ на Русија, се наведува во соопштението од кабинетот на францускиот претседател во контекстот на продолжение на изборната кампања.

„Ќе го засилиме притисокот и нема да попуштиме“, се заканува Елисејскиот дворец.

Во врска со можното наводно руско користење на хемиско оружје Украина, тема која ја отворија САД во петокот откако Русија претходно седмицава објави документи според коишто украински сили со помош на инструктори од американска приватна воена компанија носеле отровни хемиски супстанции во областите на судирот, Елисејскиот дворец наведува дека Макрон „решително бара судирот што поскоро да престане за да се спречи најлошото, во прв ред уппотреба на забрането оружје и разорување на градовите“.

Париз повторно се закани дека новите санкции ќе ги проучи „без табуа“, како што во петокот рече Макрон на затворањето на неформалниот самит на ЕУ во Версај, каде 27-те земји членки се договорија за двојното зголемување на финансирањето на вооружувањето на Украина иако Москва предупреди дека тоа само ќе доведе до ексалација и продолжување на судирот.

По нивниот состанок од 7-ми февруари во Кремљ, Макрон девет пати телефонски разговорал со Путин вклучително и разговорот во четвртокот минатата седмица, објави Елисејскиот дворец.