![pens i abe](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/pens-i-abe.jpg?resize=640%2C363&ssl=1)
Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја повтори во вторникот во јапонската престолнина Токио важноста од сојузот меѓу Јапонија и САД за мирот и безбедноста во екот на кризата на Корејскиот полуостров поради наводната севернокорејска нуклеарна закана.
Во разговорот со јапонскиот премиер Шинзо Абе, американскиот потпретседател Мајк Пенс истканал дека Вашинтон и Токио, се залагаат за мирно решавање на ситуацијата во регионот. Сепак, притоа тој истакнал дека „мирот се постигнува со сила“, пренесува агенцијата Kyodo.
Покрак тоа, Пенс ја нагласил намерата на САД тесно да соработуваат со Јапонија, Јужна Кореја во решвањето на севернокорејското нуклеарно прашање. Претходно американскиот потпретседател порача дека завршил „периодот на стратегијата на трпение“ на Вашингтон во однос на Северна Кореја, како и дека Пјонгјан не треба да ја става на тест одлучноста на претседателот Доналд Трамп.
„Сојузот меѓу Јапонија е темел и на мирот и на безбедноста на североистокот од Азија“, изјавил Пенс на средбата со Абе веднаш по доаѓањето во Токио. Во текот на разговорите, Абе од своја страна ја истакнал неопходноста од мирно решение на засилените тензии во регионот, пренесува агенцијата dpa.
Американскиот претседател Доналд Трамп пред десетина дена пренасочи ударна група борбени бродови предводена од носач на авиони во водите на Корејскиот полуостров, додека Северна Кореја се подготува за нов нуклеарен тест.
„За нас е најважно да се преземат дипломатски напори и да се најде мирно решение за тоа прашање“, му рекол јапонскиот премиер на вториот човек на САД.
„Како земја секогаш го бараме мирот, како и Јапонија. Но, како што знаете, мирот доаѓа преку силата. Претседателот Трамп е одлучен блиско да соработуа со Јапонија, Јужна Кореја и сите сојузници во регионот, како и со Кина, за да се постигне мирно решение и денуклеаризација на Корејскиот полуостров“, повторил Пенс.
Пенс во вторникот допатува во Јапонија по посетата на Јужна Кореја од каде што во понеделникот на Северна кореја ѝ порача дека американското трпение е потрошен, но додаде дека САД настојуваат да ја вратата сигурноста со мирни средства.
Во Њујорк, пак, заменикот на севернокорејскиот амбасадор во ОН, Ким Ин-рјонг во понеделникот предупреди дека нуклеарна војна би можело да избувне во секој момент, обвин увајќи ги САД за „опасното ѕвецкање со оружје“.