За пет часа казнети 198 пешаци

Во текот на вчерашниот ден (07.03.2023) во периодот од 10.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата, санкционирани се 198 пешаци од кои, 171 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 113 други видови на прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.