За пет часа казнети 61 возач на територијата на СВР Битола

Во периодот од 10 до 15 часот во неделата полициски службеници од СВР Битола спроведоа зајакната акциска контрола на територијата на оваа полициска управа  за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани е 61 возач.

Најголем дел од санкциите се изречени во Битола-28, Прилеп-14…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.