За Почетино Челси е фаворит за ЛШ, бидејќи потрошиле повеќе пари од нив

Тренерот на ПСЖ Маурисио Почетино, зборуваше за шансите неговиот тим да ја освои титулата во Лигата на шампионите годинава. ПСЖ се засили со Донарума, Меси, Рамос, Вајналдум, но и натаму не се смета за фаворит за освојување на пехарот во ЛШ.

„За ПСЖ освојувањето на Лигата на шампионите треба да биде желба, а не должност. Фаворит за освојување според мене е Челси, затоа што го освоија турнирот. Исто така добро се засилија. Вложија многу пари, можеби повеќе од нас“, рече Аргентинецот.

Многумина очекуваат ПСЖ годинава да биде победник во ЛШ со толку звучни имиња во своите редови. Засега од две кола, ПСЖ оствари едно реми и една победа. Го совладаа Манчестер Сити, а одиграа разочарувачко „реми“ со Бриж.