За погребот на кралицата Елизабета Втора, од Турција во Велика Британија ќе бидат доставени 1,5 милиони цветови од каранфил.
Веднаш по објавувањето на смртта на британската кралица Елизабета Втора, одгледувачите на каранфили во јужниот регион на Турција се обидоа да одговорат на барањата за погребот, пренесува ЕПА.
Според регионалните одгледувачи, побарувачката за каранфили, особено во Англија, е зголемена за речиси 90 проценти.
Смртта на британската кралица ја зголеми потребата од работници меѓу одгледувачите на цвеќе во овој регион на Турција, за да се испратат повеќе од 1,5 милиони цвеќиња за погребот на кралицата.
За побрз транспорт, производителите на цвеќиња испораката ја префрлија од копнен на многу побрзиот воздушен транспорт.