За попречувањето новинари, прекршочна пријава за сопственикот на депонијата која гори во тетовско

Тетовската полиција го повикала на разговор и му изготвила прекршочна пријава на 38 годишно лице од Чегране кој вчера се однесувал агресивно и попречувал во работа двајца новинари кај тетовската депонија каде има пожар. Тој денеска би повикан во полициската станица Жеровјане.

– Бил извршен службен разговор со А.С.(38) од Чегране, гостиварско, сопственик на депонија, по што му била изготвена пријава по член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Имено, вчера (23 август), околу 12.30 часот во месноста „Димновица“, атар на тетовско Стенче, А.С. се однесувал агресивно, ги попречувал во работата и се заканувал на С.З.(35) и Б.П.(36), двајцата од Тетово, кои извршувале професионални задачи како новинари, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

ТВ 21 објави видео во кое тој турка и се заканува на новинарите, кои подоцна случајот го пријавија во полиција.