За премиерот на Чешка миграциите од муслиманските земји се закана за европската цивилизација

Илегалната миграција од муслиманските земји од Северна Африка и Блискиот исток претставува закана за европската цивилизација којашто почива на христијанските основи, изјави во неделата чешкиот премиер Андреј Бабиш во емисијата на прашаката телевизија Prima.

Партијата ANO, на Андреј Бабиш, вториот најбогат Чех од словачко потекло, основач на големата земјоделско-прехранбена компанија „Agrofert“ кој е сопственик и на двата најголеми дневни всници во замјата, надмоќно победи на патламентарните избори во октомври 2017 година. Неговите ставови за имиграциаја во Европската унија се слични на оние на чешкиот претседател Милош Земан, поради што е критикуван од страна на западните партнери.

Чешка, како и Унгарија, Полска и Словачка, или земјите од ткн Вишеградска група, не се согласуваат со директивите од Брисел за преземање според одредените квоти на баратели на азил, особено на оние кои доаѓаат од муслиманските земји, првавдајќи се дека кај нив досега немало такво население кое така ќе ги донесе своите обичаи и животни навики а потоа ќе бидат под притосок да им го овозможат тоа, што е во спротиставеност со локалниот начин на живот.

„Ние (во Чешка) ја восприемаме илегалната миграција како закана за европската цивилизација. Ние не сакаме да живееме, кај нас дома, како што живеат во Африка или на Блискиот исток. Ние мораме да ја запреме (миграцијата од муслиманските земји). Доколку во Франција, Холандија или Белгија сакаат да имат повеќе приврзаници на Исламската држава отколку што имаат сега, тоа е нивна работа“, истакна Бабиш.

Чешкиот премиер во интервјуто повик на зајакнување на надворешните границиа на Европската унија и помош на либиските власти во справувањето со проблемот на бегалците кои се обидуваат да преминат од Африка во Европа. Според Бабиш, стабилизацијата на политичката и економската ситуација во Либија е клучната задача на ЕУ во борбата против илегалната имиграција

„Либиската крајбрежна стража е многу ефикасна (во борбата со илегалните мигранти), но во оваа земја не постои единствена власт. Треба да се обидеме таква таму да биде воспоставена, а ЕУ би склучила со таквата влада договор за сузбивање на илегалната имиграција, каков што е на сила со Турција“, додаде Бабиш.

Бабиш, исто така, ја поздрави промената на пристапот од страна на германската дипломатија кон прашањето на осигурувањето право на азил на муслиманските имигранти во Европската униа. Германските челници, како што истакна чешкиот премиер, почнале да се занинаваат со преразгледување на попустливите политики кон мигрантите, што произлегува според него од зголемените протести на Германците против мислиманските доселеници во Германија.