За принцот Салман убиството на Кашоги е „многу болно“

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман рече во средата дека за сите во Саудиска Арабија е многу болно убиството на новинарот Џамал Кашоги го конзулатот на неговата земја во Истанбул, во говорот на инвестицискиот форум Future Invertment кој директно го пренесуваше телевизијата al-Еkhbariya.

„Инцидентот со Џамал Кашоги е многу болен за сите, особено за Саудијците, и за сите луѓе во светот. Станува збор за ужасно злосторство за коешто нема апсолутно никакво оправдување. Кралството во моментов заедно со турската влада ја води истрагата којашто треба даде резултати, да ги изведе осомничените пред лицето на правдата и да бидат казнети по најстрогите закони“, рече Мохамед бин Салман.

Ова беше првото јавно обраќање на престолонаследникот откако Кашоги исчезна во саудискиот конзулат во Истанбул на 2-ри октомври, а официјален Ријад дури по повеќе од две седмици го потврди тврдењето на Анкара дека дисидентскиот новинар смртно настрадал во дипломатската мисија. Саудиска Арабија прво тврдеше дека Кашоги кој влегол во конзулатот да изврши формалности за планираното женење за турска државјанка си заминал, но по притисокот од меѓународната заедница монархијата призна во саботта дека умрел во конзулатот по „тепачка“ со лица кои ги сретнал таму.

„Оние коишто се одговорни за ова злосторство мора да одговараат (…) и на крајот правдата ќе победи“, додаде саудискиот престолонаследник.

Малку претходно во средата од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше објавено дека имало телефонски разговор со Мохамед бин Салмн за „заедничките напори“ на разветлувањето на биството на Кашоги, кој беше познат по критиките на сметката на саудискиот престолонаследник.

Бин Салман притоаоцени дека нама да има „прекинување на врските со Турција“. Изјави дека многумина сакаат овој случај да го искористат „за да внесат раздор меѓу Саудиска Арабија и Турција“. „Сакам да упатам порака: тоа нема да им успее, се’ додка Салман е саудиски крал, Мохамед бин Салман е престолонаследник во Саудиска Арбија, а турски претседтел е Ердоган“, рече принцот.